Вашингтон е во добра позиција да ги брани своите интереси на Блискиот Исток

Американски носачт на авиони УСС Џорџ Вашингтон
Американски носачт на авиони УСС Џорџ Вашингтон/Фото: EPA/MARCELO SAYAO

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, неколку часа по иранскиот ракетен напад врз Израел разговараше со својот израелски колега Јоав Галант и притоа изјави дека Вашингтон е „во добра позиција“ да ги брани своите интереси на Блискиот Исток.

„Секретарот потврди дека САД остануваат добро позиционирани да го бранат американскиот персонал, сојузниците и партнерите од заканите од Иран и терористичките организации поддржани од Иран“, се наведува во соопштението на Пентагон, по телефонскиот разговор меѓу Остин и Галант.

По разговорот Остин на мрежата Х напиша дека САД и Израел ветија дека ќе останат во близок контакт.

Претходно вчера Иран истрела 180 балистички ракети кон Израел како одмазда за израелската воена кампања во Либан, во која загинаа стотици и раселени повеќе од еден милион лица.

Иран подоцна објави дека неговиот ракетен напад врз Израел е завршен, исклучувајќи ја можноста за натамошни провокации.

Во Израел досега не се пријавени случаи на повредени лица од ракетите, а Вашингтон иранскиот напад го оцени за „неуспешен“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот