Вашингтон: Борбите околу нуклеарната централа Запорожје се опасни

Запорожје
Запорожје / Фото: EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни.

Таа додаде дека руските сили, кои ја окупираа нуклеарната централа Запорожје на почетокот на војната, треба да ја предадат „целосната контрола” врз нуклеарната централа на Украина.

Жан-Пјер посочи дека САД внимателно ја следат ситуацијата во Запорожје.

– За среќа, сензорите за радијација досега не покажаа никакви индикации за зголемени или абнормални нивоа на радијација, истакна Жан-Пјер.

Таа посочи дека САД се свесни за извештаите за рускиот третман на персоналот на нуклеарната централа и додаде: „Им честитаме на украинските власти и оператори за нивната посветеност на нуклеарната безбедност под овие тешки околности”.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање и ракетирање на подрачјето каде е лоцирана нуклеарната централа Запорожје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот