Вашингтон ѝ одговори на Москва на предлозите за безбедносни гаранции

Путин Бајден Украина Русија
Владимир Путин, Џо Бајден / Колаж: Слободен печат. - Иван Самарџиев

Американскиот амбасадор во Русија, Џон Саливан, денеска во руското Министерството за надворешни работи го претстави писмениот одговор од Вашингтон на рускиот нацрт билатерален договор за безбедносни гаранции, пишува Си-Ен-Ен.

За време на средбата, американскиот дипломат го предал писмениот одговор на американската администрација на нацрт билатералниот договор за безбедносни гаранции што Русија претходно го предложи, се наведува во соопштението на Министерството.

Средбата се одржа на барање на американскиот амбасадор.

„Писмениот одговор на САД до Русија е веќе доставен”, напиша на Твитер, Џенифер Џејкобс, новинарка на Блумберг.

Американскиот амбасадор во Москва Џон Саливан и Владимир Путин/ Фото EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Москва одби да го објави одговорот

Претходно денеска во рускиот Парламент, шефот на дипломатијата, Сергеј Лавров, изјави дека Русија нема да го објави одговорот на САД, доколку од нив биде поднесено такво барање. Меѓутоа, нагласи Лавров, смислата и содржината на реакцијата на Вашингтон ќе бидат јавно објавени.

Руското Министерство за надворешни работи на 17 декември 2021 година го објави нацрт-договорот со САД за безбедносни гаранции, како и договорите за мерките за обезбедување на безбедноста на Русија и земјите-членки на Северноатлантската алијанса.

Документот, меѓу другото, вклучува одредби за нераспоредување ракети со среден и краток дострел во меѓусебен дострел, откажување од натамошното проширување на НАТО на сметка на поранешните советски републики и намалување на бројот на воени вежби

Видео на денот