Варвициотис: Грчката влада го следи секој чекор на Скопје

Појава на иредентизам и прекршување на владеењето на правото може да имаат директно влијание врз пристапниот процес во ЕУ за соседната земја, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Милтиадис Варвициотис во интервјуто за грчкиот весник „Реал њуз” и додава дека актуелната грчка влада „го следи секој чекор на владата на Скопје”, jави дописничката на МИА од Атина.

Варвициотис го повторува ставот дека наследиле лош договор кој владата на СИРИЗА го потпиша „откажувајќи се од преговарачките оружја и националните позиции на земјата, констатирани со Времената спогодба и во Букурешт”.

-Нашата влада го следи секој чекор на владата на Скопје и во секој случај нема да дозволи да се изразат појави на иредентизам и прекршување на владеењето на правото, што ќе имаат директно влијание врз нејзиниот интегративен процес во Европската унија. Веќе внимателно ја следиме елиминацијата на сите архаични симболи од јавните места кај соседот. На крај, нашата главна цел е заштита на грчките производи и грчките трговски ознаки, прашања што владата на Ципрас ги остави на нивната судбина, вели алтернативниот министер за надворешни работи на Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот