ВАРВАРСКИТЕ МЕТОДИ НА СИРИСКАТА ВЛАДА: Војската на 72 начини ги мачела затворениците ширум Сирија

Сириските власти убиле повеќе од 14.000 луѓе со распнување, вадење на нивните очи и силување за време на бруталната граѓанска војна во земјата, стои во извештајот на Сириската мрежа за човекови права (СНХР).

Според пишувањата на „Дејли меил“, режимот на претседателот Башар ал-Асад користел 72 различни методи на мачење на затвореници, кои придонеле до смртта на повеќе до 170 деца и 45 жени, покажува најновата студија. Во документот на СНХР на 25 страници е опишано систематското и бруталното мачење во центрите за притвор и во воените „болници“. Во него се наведува дека во владините затвори починале најмалку 14.298 луѓе во периодот меѓу март 2011 година и септември 2019 година.

Некои од методите на мачење подразбирале и полевање со врела вода на грбот и стомакот на жртвите, давење во вода и задушување. Исто така, сириската влада користела и електрични палки со кои ги удирале затворениците на стомакот или гениталиите. Други биле принудени да издржуваат и распнување, односно влечење на рацете и нозете на жртвата во исто време. И мажите и жените моментно биле соблекувани голи и често пати сексуално злоупотребувани. Забележани се и кршења на черепите на луѓето, вадење на заби, нокти и ослепување на жртвите.

Прочитајте и...  Ќучук: Во С. Македонија има 2 кампањи - За враќање на земјата каде што беше пред три години или за патот кон членство во ЕУ

Насилниците користеле и градинарски ножици за отсекување на делови од телото, вклучувајќи ги репродуктивните органи, очи, нос, уши и усни, стои во документот. Тие ја користеле и бруталната метода наречена „летечки килим“ во која жртвите се врзани за дрвена даска и се виткаат напред и назад, што предизвикува големи оштетувања на ‘рбетниот столб.

Некои затвореници биле врзувани за метални столици низ кои била пуштана струја, што пак предизвикувало сериозни оштетувања на нервниот систем. Бруталните насилници често пати ги жигосувале затворениците, им ја гореле кожата со бензин, хемикалии, исектициди и барут.

Жртвите, според информациите од СНХР, веројатно и по неколку денови виселе во разни положби. Морале да стојат или да клечат на една нога, а потоа ги тепале. Не добивале медицинска нега, немале пристап до вода и тоалет. Дел од жртвите биле изложени и на гладување.

Прочитајте и...  Николовски: Груевски сега го нема, но груевизмот е присутен во нашата земја, со СДСМ успеавме да се усогласиме за пензиите

– И покрај сите податоци кои ја потврдуваат бруталната тортура на сирискиот режим, што претставува геноцид, никој не интервенираше да ги заштити цивилите. Ситуацијата во Сирија претставува очигледен неуспех на Советот за безбедност, и единствено решение останува меѓународна интервенција надвор од тоа тело за да се спасат животите на 128.000 граѓани кои и понатаму се во притвор. Овие луѓе се изложени на тортура и немаат никаква здравствена заштита – рече претставникот на Сириската мрежа за човекови права Фадел Абдул Гани.

Прочитај повеќе

Орбан контра ЕУ: Од списокот на „безбедните“ држави дозволен е влез само за Србите

Слободен печат

Зафировски од МОРО: Додека не се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина, не сме ни приближно блиску до европските држави

Слободен печат

Трагедија во Мјанмар: Најмалку 110 рудари загинаа во свлечиште во рудник

Слободен печат

Тодороска од Демократи: Народот е сопственик на државата, политичарите се минливи

Слободен печат

Тепачка во маркет во Крагуевац: Купувачот не сакал да стави маска, вработениот не го пуштал внатре (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев за изјавата дека ќе соберел „и шуто и рогато“: По два саати во кафана, се случуваат грешки

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Андоновиќ: Русија избра доживотен претседател и започна воени игри околу Атлантикот (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев ја повика ВМРО-ДПМНЕ да престане да го омаловажува јазикот нарекувајќи го „северџански” и да ја поздрави преговарачката рамка

Слободен печат

Заев: Со отворањето на преговорите, почнуваме нова фаза од македонската европеизација (ВИДЕО)

Слободен печат

Над 100 колумбиски војници се под истрага заради сексуална злоупотреба на деца

Слободен печат

Новозаразеното лице од Кавадарци е син на претходно заболен од Ковид-19

Слободен печат

Ќучук: Во С. Македонија има 2 кампањи – За враќање на земјата каде што беше пред три години или за патот кон членство во ЕУ

Слободен печат