ВАРУФАКИС ВО КЛИНЧ СО ПОЛИЦАЕЦ ВО ПАРИЗ: Ти си срам за француската нација! (ВИДЕО)

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис имал жесток судир со француската полиција на аеродромот во Париз.

Имено, Варуфакис на аеродромот „Шарл де Гол” допатувал со авион кој полетал од Каиро преку Атина.

Граничниот полицаец на излезот од тунелот кој го спојува авионот и аеродромската зграда го побарал пасошот на увид. Варуфакис тврди дека тргнал да го извади пасошот, кога полицаецот реагирал насилно.

„Ми го заврте лактот и ме совлада користејќи физичка сила. Ме турна, ми го зема пасошот од рака и ми кажа да застанам покрај ѕидот”, рекол Варуфакис.

На социјалните мрежи се појавила и снимка на која се слуша Варуфакис како му вика на полицаецот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот