Варуфакис: Меркел никогаш немала европска визија

epa04979030 Former Greek Finance minister Yanis Varufakis attends a debate table about the future of the European Union held in Barcelona, Catalonia, Spain, 15 October 2015. EPA/MARTA PEREZ

Ќе ми недостасува Ангела Меркел, вели за Дојче веле Јанис Варуфакис, поранешен грчки министер за финансии и светска левичарска ѕвезда, објави Vijesti.me.

„Знаете, таа е политички противник. Мислам дека и нанесе многу штета на европската идеја на долг рок, но кој и да дојде после неа, сигурно нема да биде подобар. Затоа многу се плашам дека за година, две или десет ќе се фатам себеси како мислам: Боже, ми недостасува Ангел!“, рече Варуфакис во првата епизода од подкастот на Дојче Веле на англиски јазик „Последниот танц на Меркел“, посветен на анализата на ерата на Ангела Меркел.

Варуфакис спаѓа во најжестоките критичари на Ангела Меркел. Тој само неколку месеци во 2015 година беше министер за финансии во левичарската грчка влада, во текот на тешката финансиска криза која ја погоди земјата.

Тој ја нарече кризата на еврото клучен момент во историја кога требало да се направи голем чекор напред.

„Ангела Маркел не изневери и нас и Германците и Европјаните и своето наследство зошто имаше конзервативен пристап во сфаќањето на своите политички можност. Веруваше дека има помала моќ како канцеларка на Германија отколку што вистински имаше“.

Варуфакис смета дека најголема грешка на Меркел и е тоа што после кризата на еврото не се залагаше за тесно поврзаната, федерална Европа. „Во изминатите 20 години од Меркел не сум видеш ништо што би личело на европска визија“, рече тој.

На прашањето на Дојче веле, кого би сакал да види како канцелар, Варуфакис, изненадувачки го избра претседателот на Бундестагот Волфганг Шојбле, поранешен министер за финансии со кого имаше жестоки несогласувања во текот на кризата со еврото.

„Иако неговото разбирање за европскиот капитализам е сериозно погрешно, а неговата визија за Европа и посебно приврзаноста кон мерките за штедење е катастрофална, Шојбле како канцелар многу порано ќе ја принудуваше Европа да се одлучи за идејата за федерализација“, додаде Варуфакис.

(Вијести.ме)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот