Варуфакис ја советува Бугарија: Не влегувајте во еврозоната

Јанис Варуфакис
Јанис Варуфакис/ Фото: EPA-EFE/Fernando Alvarado

Јанис Варуфакис, економист, писател и поранешен грчки министер за финансии, во интервју за бугарски „Капитал“ отворено зборува за еврозоната, вкупниот долг, за левицата и десницата. Тој за прв пат е во Софија.

-Дојдов на 60-годишна возраст, но никогаш не е доцна, рече грчкиот економист, кој на времето имаше статус сличен на рок ѕвезда откако се искачи на светската сцена како министер за финансии на банкротираната грчка држава во левичарската влада на Сириза.

По краткиот и бурен мандат како министер, во кој директно се судри со германската влада на Ангела Меркел, Варуфакис стана популарен со своите книги и написи во кои силно го критикуваше начинот на кој функционираат еврозоната и ЕУ. Тој беше во Бугарија на банкарската конференција организирана од Капитал.

Првиот совет што ѝ го даде Варуфакис на Бугарија е да не влегува во еврозоната.

-Тоа би било грешка. Не правете го тоа, рече тој во интервјуто со уредникот на „Капитал“, Огњан Георгиев.

Неговите аргументи се и контрадикторни и интригантни – Варуфакис сè уште зборува како политичар, носејќи го на грб целото незавидно искуство на Грција, но и како левичарски мислител кој знае да испраќа пораки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот