Варуфакис го обвини Закербег дека му го украл името Мета

Фото: EPA-EFE/META HANDOUT

По најавата на извршниот директор на Фејсбук дека компанијата го менува името во Мета, реагираше поранешниот министер за финансии во Владата на СИРИЗА и претседател на грчката партија МЕРА25, Јанис Варуфакис, кој преку Твитер го обвини Марк Закерберг дека новото име го позајмил од нивниот Центар за пост – капиталистичка цивилизација, што исто така се вика Мета, јави дописничката на МИА од Атина.

Преку неколку твита на англиски и грчки јазик, Варуфакис му порача на Закерберг да ги „тргне рацете” од нивната Мета.

– Закерберг штотуку ја „позајми” нашата Мета (https://metacpc.org) за да го ребрендира Фејсбук. Претходно го „позајми” името на нашето движење, DiEM (http://diem25.org) за да ја ребрендира неговата криптовалута Libra. Што е следно? (Барем нашата радикална агенда за експропријација на технолошките господари е безбедна!), напиша Варуфакис на Твитер, објавувајќи фотографија од знакот на нивниот центар Мета.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот