Вартоломеј: Враќањето на Аја Софија во џамија ќе предизвика раздор

Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј

Враќањето на истанбулската „Аја Софија” во џамија ќе предизвика раздор, изјави денеска вселенскиот патријарх Вартоломеј, во очекување турски суд да донесе одлука за зградата, која е музеј од 1934 година.

Турскиот претседател  Реџеп Тајип Ердоган предложи враќање на Аја Софија во џамија. Ова поранешно христијанско место за богослужба се наоѓало во срцето на христијанската византиска и муслиманска османлиска измперија, а денес е еден од најпосетуваните споменици во земјата.

На 2 јули судот ќе одлучи за оспорувањето на сегашниот статус, со кој се поспорува законитоста на претворањето на Аја Софија во музеј во 1934 година, во првите години на модерната секуларна турска држава, основана од Мустафа Кемал Ататурк.

– Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани низ целиот свет, рече вселенскиот патријарх Вартоломеј, духовен водач на околу 300 милиони православни христијани ширум светот.

Прочитајте и...  Поранешниот романски премиер Понта прогласен за виновен за плагијат

Промената на статусот „ќе ги разбие овие два света” во време кога на човештвото му треба единство повеќе од кога и да било поради пандемијата на Ковид-19, рече Вартоломеј.

Прочитај повеќе

ЦИВИЛ: Првите шест часа од изборниот ден поминуваат мирно

Михаило Донев

Излезеноста до 13 часот во Велес е 28,76 проценти

Слободен печат

Резервациите на Аирбнб во јули го достигнаа предпандемиското ниво

Слободен печат

Четири години од обидот за државен удар во Турција

Слободен печат

До 13 часот во Куманово гласале 22,16 отсто, во Липково 17,01 отсто и во Старо Нагоричане 20,75 отсто од избирачите

Слободен печат

Во тетовскиот регион, Општина Тетово со најголема излезност до 13 часот

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Демонстранти во Баку бараа војна со Ерменија, полицијата ги растера

Слободен печат

Излезноста во општина Гевгелија зголемена на 35 отсто

Слободен печат

Новиот договор за еколошки возила ја крена цената на акциите на Хјундаи

Слободен печат

Германците никогаш не возеле постари возила: Возниот парк со просек од 10 години

Слободен печат

Панчевски во притвор во Шутка, доброволно се пријавил

Слободен печат

До 11 часот во Куманово гласале 14,12 отсто, во Липково 10,45 отсто и во Старо Нагоричане 12,72 отсто од избирачите

Слободен печат