Вартоломеј: Претворање на Света Софија во џамија ќе насочи милиони христијани против исламот

Патријархот Вселенски г. г. Вартоломеј

Евентуалното претворање на Света Софија во џамија ќе насочи милиони христијани од целиот свет против исламот, порача Вселенскиот патријарх Вартоломеј и истакна дека „како музеј, Света Софија има можност да биде место и симбол на средби, дијалог и мирен соживот на народите и културите, на меѓусебно разбирање и солидарност на христијанството и исламот, што се особено неопходни и корисни за современиот свет”, јави дописничката на МИА од Атина.

Во говорот по светата литургија за празникот на Светите Апостоли, Вселенскиот патријарх истакна дека храмот на Света Софија, несомнено е еден од најважните класични споменици во светската култура.

-„Класично” е она што секогаш ги надминува границите на народите и периодот во кое бил создаден и не припаѓа само на оној што го поседува, туку на целото човештво. Во оваа смисла, турскиот народ има големата одговорност да ја истакне универзалноста на овој прекрасен споменик, порача Вселенскиот патријарх.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот