Вархељи се врати во Софија да ги убеди Петков и Радев да ја откочат блокадата на Северна Македонија

Комесарот за добрососедство и проширување на ЕУ Оливер Вархељи денеска повторно пристигна во Софија на средби со бугарскиот државен врв во обид да добие уверување од бугарска страна дека нема да го блокираат почетокот на преговорите за членството на Северна Македонија во ЕУ предвиден идниот месец.
-По три недели се вратив во Софија за да пронајдам заеднички јазик и поддршка во Бугарија за почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија во јуни. Прв состанок со бугарскиот премиер Кирил Петков, напиша еврокомесарот за добрососедство и проширување на ЕУ Оливер Вархељи за средбата со бугарскиот премиер Петков.
After three weeks, I am back in Sofia to find common ground and support in #Bulgaria to start the negotiation process with #NorthMacedonia in June. First meeting with Prime Minister @KirilPetkov . pic.twitter.com/FkIKE0yeS4
— Oliver Varhelyi (@OliverVarhelyi) May 19, 2022
Од Кабинетот на Петков за оваа средба издадоа само кратко општо соопштение без многу оптимизам околу датумот за Северна Македонија со кој Вархељи денеска влезе кај премиерот Петков.
„Премиерот Кирил Петков оствари работна средба со еврокомесарот за добрососедство и проширување Оливер Вархељи. Во Советот на министри, двајцата разговараа за актуелни прашања од европската агенда. Меѓу темите на средбата беа и европската политика во регионот на Југоисточна Европа и војната во Украина. Премиерот Кирил Петков за време на разговорите посочи дека Бугарија ќе продолжи да игра активна улога во стабилноста и просперитетот во Југоисточна Европа“, го објавија бугарските медиуми соопштението од Кабинетот на Петков.
Иако Вархељи во својата објава на Твитер го тагна бугарскиот премиер, сепак Петков овој пат не објави заеднички фотографии ниту порака за средбата со него туку се пофали само со средбата со д-р Грета Фенер од Базелинститутот со кој бугарската влада потпиша Меморандум за антикорупција.
The 🇧🇬 government and the @BaselInstitute have signed a #memorandum on anti-corruption.
MD Gretta Fenner @gretweets, the close cooperation with the #BaselInstitute is another major step for 🇧🇬 to counter corruption & achieve higher standards of governance. pic.twitter.com/Ktxu1COagW
— Kiril Petkov (@KirilPetkov) May 19, 2022
Вархељи во Софија треба да се сретне и со претседателот Румен Радев, како и со министерката за надворешни работи Теодора Генчовска.
Минатата недела претседателот Румен Радев изјави дека се зголемува притисокот од земјите-членки на ЕУ, Бугарија да го укине на ветото на преговарачката рамка за членство на Република Северна Македонија во ЕУ.
Вчера и Европската Комисија повика преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство, на 30 јуни, откако францускиот претседател Макрон во телефонските разговори со премиерот Димитар Ковачевски, со бугарскиот премиер Кирил Петков и со бугарскиот претседател Румен Радев посочил дека Северна Македонија и Албанија треба брзо да се поттикнат да продолжат со дијалогот за спорот меѓу нив.