Вархели: Пристапните преговори со Скопје и Тирана да почнат напролет

Комесарот за проширување, Оливер Вархели рече дека пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија треба да почнат напролет. Изјавата ја даде откако пристигна на состанок на Советот на ЕУ на ниво на министри за надворешни работи во Брисел.

Вархели рече дека министрите за надворешни работи на Европската Унија се состанале со дипломатите од Северна Македонија и Албанија пред состанокот на Советот на ЕУ во Брисел.

– Дебатата беше охрабрувачка. Изгледа дека ќе можеме да одиме напред и да ја исправиме грешката направена во октомври. Треба да ги започнеме преговорите за пристап со двете држави напролет, рече Вархели.

Земјите-членки на ЕУ не можеа да се договорат за почнување на пристапните разговори со Албанија и Северна Македонија во октомври.

Франција услови  понатамошни чекори во процесот на пристапување во ЕУ, со реформа на самиот процес.

Новата Европска комисија треба да излезе со предлог за нова методологија за пристапниот процес до крајот на јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот