Вархељ: Закон за ЈО и спроведувањето на договорите со Грција и Бугарија пресудни за започнување на преговори со ЕУ

Според него, важно е да ги имплементираат реформите, а секако треба приоритет да е нов закон за Јавното Обвинителство. Тој вели дека се надева дека тоа ќе се случи со сегашниот Парламент и дека тоа ќе е важен знак кон земјите членки на ЕУ.

Комесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската унија, Оливер Вархељ вели дека за Европската Комисија нема промена во ставот дека Република Северна Македонија и Албанија се подготвени да започнат преговори со ЕУ.

– Во претстојните месеци ќе имаме многу работа заедно со премиерот и другите лидери затоа што мора да дадеме нови предлози, нов пакет со кој ќе се унапреди процесот на проширување, рече Вархељ.

Според него, важно е да ги имплементираат реформите, а секако треба приоритет да е нов закон за Јавното Обвинителство.  Тој вели дека се надева дека тоа ќе се случи со сегашниот Парламент и дека тоа ќе е важен знак кон земјите членки на ЕУ.

– Подготвен сум да работам со било кој ја води владата. Комисијата нема да се меша во внатрешните работи на било која земја, а особено не на земји кандидати, изјави еврокомесарот.

Тој вели дека клучно е спроведувањето на Преспанскиот договор и билатералниот договор со Бугарија, без разлика која е владата.

– За крај и малку добри вести. Побарав од Европскиот парламент да објави награда од 50 милиони евра за постигнувањата и резултатите на земјата во искористувањето на европските фондови. Се надевам дека ќе добијам зелено светло и ќе се одобри исплатата, па ќе можете да ги искористите парите и да ги инвестирате во државата, рече Вархељ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот