Вархељ: Србија ќе има на располагање 15 милиони евра за итни потреби

На Србија и е понудена и можноста да се приклучи на доброволниот договор за заедничките набавки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и комесарот за соседска политика и проширување на ЕУ, Оливер Вархељ, имаа денес телефонски разговор за помошта на ЕУ за Србија и Западен Балкан во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19, соопштија од кабинетот на Вучиќ.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Вархељ му пренел на Вучиќ дека на надлежните служби дал инструкции на Србија да и биде овозможено користење до 15 милиони евра за итни потреби кои ќе бидат финансирани од тековните договори со УНОПС и УНДП и од програмата за поддршка на европските интеграции, како и да се разгледа користењето на преостанатите 20,8 милиони евра од програмата за европска интеграција за краткорочни потреби, а, во согласност на Владата на Србија, да се пренасочат до 57,6 милиони евра од програмите првично доделени на други проекти за краткорочни и среднорочни потреби, се наедува во соопштението.

Вархељ изразил надеж дека, со оглед на сегашните потреби и состојбата во земјите-членки на ЕУ, тој ќе може позитивно да одговори на барањето на Србија за поддршка на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ и истовремено укажал на проширување на Фондот за солидарност на ЕУ за отстранување на последиците на загрозување на јавното здравје.

На Србија и е понудена и можноста да се приклучи на доброволниот договор за заедничките набавки.

Вучиќ во разговорот со Вархељ порачал дека Србија е благодарна за досегашната помош на ЕУ во борбата против вирусот Ковид 19 преку финансирање на итната набавка на медицинска опрема, како и финансирање на карго-летовите со кои се испорачува опремата.

Во поглед на помоштна на ЕУ за Србија во борбата со коронавирусот, денес министерката за евроинтеграции Јадранка Јоксимовиќ се обрати до Делегацијата на ЕУ во Белград со молба за дадат логистичка подршка на Србија за 10 летови на товарни авиони за превоз на медицински апарати и опрема, од средствата на Програмата за цивилна заштита и катастрофи на УНДП во вредност од 7,5 милини евра, соопштија од српската влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот