Вархељ: Разгледуваме решенија за долгот на Црна Гора

Оливер Вархељи, Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

ЕУ разговара со Владата на Црна Гора и партнерите за решенија за инвестициски проекти и одржливост на јавниот долг во таа земја, информираше европскиот комесар за проширување Оливер Вархељ.

„Ние сме со Црна Гора и го поддржуваме нејзиниот пат кон ЕУ. Разгледуваме начини да најдеме решенија за инвестициски проекти во таа земја, да обезбедиме одржливост на нивниот јавен долг и да ги елиминираме ризиците од минатите договори, истовремено почитувајќи ја политиката на ЕУ и владеењето на правото”, напиша Вархељ на Твитер.

Претходно оваа недела Европската комисија соопшти дека ЕУ нема да ги „отплати долговите на Црна Гора” настанати од земањето заем од Кина во износ од милијарда долари, чија цел беше изградба на патна инфраструктура во Црна Гора.

По тој повод ЕК ја предупреди Црна Гора за ризикот од макроекономска нерамнотежа и должничките односи на Црна Гора со Кина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот