Вархељ: Очекувам да работам со Лајчак за мирот и стабилноста на Западен Балкан

Комесарот за проширување Оливер Вархељ, го поздрави изборот на Мирослав Лајчак на функцијата специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина и други регионални прашања на Западен Балкан.

– Очекувам да работам заедно со Мирослав Лајчак како избран Специјален претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина. Долгорочниот мир и стабилност на Западен Балкан се приоритети за ЕУ, напиша Вархељ на Твитер.

При назначувањето на новиот специјален претставник на ЕУ за дијалог и Западен Балкан, многу земји-членки инсистираа на тоа неговиот мандат да не се совпаѓа со оној на комесарот за проширување кога станува збор за Западен Балкан.

Во Брисел потенцираат дека примарна улога на Мирослав Лајчак ќе биде да работи на нормализирање на односите Белград-Приштина и дека во регионалните рамки тој ќе биде посветен на подобрување на добрососедските односи и помирување меѓу партнерите на Западен Балкан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот