Вархељ: Горд сум што донесовме подарок за Македонија, ќе продолжиме да бидеме покрај вас

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

„Ќе продолжиме да бидеме покрај вас и ќе продолжиме со донации. Денес сум навистина горд дека близу 120.000 вакцини кои се одобрени за Македонија ќе бидат испорачани до крајот на месец август“, рече еврокомесарот Оливер Вархељ на прес-конференцијата од арената „Борис Трајковски“.

Тој посочи дека овие испораки се целосно финансирани од ЕУ и дека ова е подарок за С. Македонија.

„Ова е добар ден за Западен Балкан и мора да биде прекрасен ден за Северна Македонија. Се надевам дека сите ќе се вакцинираат брзо и дека во првите два месеци целиот здравствен персонал ќе се вакцинира“, рече Вархељ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот