Вархељ: ЕУ мора да овозможи побрз и подинамичен процес за пристапување на Македонија и Албанија

Комесарот посочи дека мора да се отворат пристапните преговори со Македонија и Албанија, поради тоа што и двете земји ги исполниле поставените барања.

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархељ на пленарната седница на Европскиот парламент во Стразбур посочи дека Европската Унија мора да го забрза пристапот на земјите од Западен Балкан и неопходно е истиот да биде подинамичен, со цел да го зачува својот кредибилитет.

Комесарот посочи дека мора да се отворат пристапните преговори со Македонија и Албанија, поради тоа што и двете земји ги исполниле поставените барања.

– За време на долгите подготовки и преговарачкиот процес ќе ни биде неопходна многу посилна политичка контрола, со максимално учество на државите членки. Во спротивно, ризикуваме јакнење на силите кои би можеле да нанесат штета на преговарачкиот процес – предупредува Вархељ.

Унгарскиот комесар за проширување на ЕУ смета дека проширувањето на Западен Балкан може да биде успешно само ако ЕУ ги исполни ветувањата за побрз и подиманичен процес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот