Вархељ: Ако Македонија и Албанија ги испорачаат реформите, бидете уверени дека ќе има отворање на преговори

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељ е оптимист дека Северна Македонија и Албанија ќе ги испорачаат реформите потребни за зачленување во Европската Унија.

– Двете земји не се откажуваат од реформите… и ќе видите дека тие ќе испорачаат, и ако го сторат тоа, можете да бидете уверени дека ќе има отворање преговори – рече Вархељ, додавајќи дека е многу охрабрен од посетата на Северна Македонија и Албанија минатиот месец.

Нагласи дека „се нуди членство, ништо друго”.

Коментарите на Вархеји доаѓаат откако францускиот претседател Емануел Макрон, кој во октомври го блокираше отпочнувањето преговори со Скопје и Тирана, минатата недела рече дека има волја да даде зелено светло за двете балкански земји да почнат преговори, доколку извештаите на ЕК, што се очекуваат во првите денови на март, се позитивни за овие две земји.

Вархеји во почетокот на овој месец предложи на земјите-членки на ЕУ да им се даде можнсот да го одложат или да го вратат процесот на пристапување или да ги принудат земјите кандидати повторно да ги почнат преговорите во одредени политички области.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот