Вархеји со писмо до Спасовски: Четири милиони наменети за ЕУ- интеграција да бидат пренаменети за итни потреби на нашата држава

Како што соопшти владината прес-служба, Вархеји во писмото навел дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата, првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално-економски штети предизвикани од кризата.

Еврокомесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји, денеска со писмо го информираше претседателот на Владата Оливер Спасовски дека веќе издал инструкции четири милиони евра од инструментите за ЕУ-интеграција да бидат пренасочени за итни потреби на Северна Македонија.

Како што соопшти владината прес-служба, Вархеји во писмото навел дека се разгледува начин наградата за успешност од 50 милиони евра за државата, првично наменета за инфраструктура и животна средина, да биде пренаменета за ублажување на социјално-економски штети предизвикани од кризата.

-Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји истакнува дека во итна процедура е ставена постапката за доделување 9 милиони евра за поддршка на ликвидноста на малите и средните компании, а 3 милиони евра ќе бидат наменети за директна буџетска поддршка.

Вархеји во писмото до премиерот Спасовски наведува дека во период кога Европа и светот се соочуваат со криза предизвикана од пандемија на вирусот КОВИД-19, во соработка со меѓународните финансиски институции се разработуваат проекти за ублажување на финансиските проблеми и менаџирање на кризата во Република Северна Македонија и во регионот, соопшти прес-службата на Владата.

Еврокомесарот Вархеји во писмото информирал и дека во соработка со Советот за регионална соработка, Секретаријатите на ЦЕФТА и на Транспортната заедница се утврдуваат начините за непречен транспорт на стоки во регионот и во Европската Унија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот