Вархеји разговарал со Заев и Мицкоски за изборите и состојбата со Ковид-19

Оливер Вархеји / Фото: Архива

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји вечерва телефонски разговарал со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христија, Мицкоски.

Теми, како што објави Вархеји на Твитер, биле здравствените, политичките и економските случувања во земјава и за состојбата со Ковид 19.

– Вечерва разговарав со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за да ја нагласиме важноста за слободни, фер и инклузивни избори во Северна Македонија, земајќи ја предвид ситуацијата со Ковид-19, како и потребата од ефикасни мерки за економско закрепнување, напиша Вархеји на Твитер.


Освен објаваниот кус твит, Вархеји не открива повеќе детали од разговорите со Заев и Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот