Вархеји очекува македонските власти да го истражат инцидентот во Охрид и да ги најдат извршителите

Оливер Вархеји
Оливер Вархеји / EPA-EFE/JULIEN WARNAND

За секој напад врз која било заедница во Северна Македонија треба да се преземат соодветни дејства од полицијата и од Владата, порача еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

– Свесен сум за вчерашниот напад и се надевам дека Владата ќе го направи истото како и во претходните случаи. Тоа значи да започне истрага, но и да ги најде извршителите – изјавил Вархеји за „Бугарија ОН-Еир“.

Во интервјуто, како што пренесуваат бугарските медиуми, тој уште вели дека е подготвен да се сретне со претставници на организациите на македонските Бугари доколку побараат средба со него.

„Мојата врата е секогаш отворена за сите заинтересирани од која било земја кандидат“, додаде Вархеји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот