Вархеји: Многу е важно да се обезбедат услови изборите да бидат целосно фер

Оливер Вархеји / Фото: EPA

 Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, на прес-конференција денеска порача дека ќе контактира со македонските власти за гаранции дека има доволно време за изборна кампања и дека изборите ќе бидат фер, јави дописничката на МИА од Брисел.

– Ја видов најавата на владата дека има намера да одржи избори на почетокот на јули, треба да ги погледнам деталите, она што засега можам да го кажам е дека изборите треба да бидат фер и слободни и да има доволно време за кампања, можност за партиите да водат кампања. Треба да видиме и како ова може да се имплементира под Ковид правилата, ќе го отворам ова прашање со македонските власти затоа што е многу важно да се обезбеди дека изборите ќе бидат целосно фер, рече Вархеји.

Еврокомесарот најави дека преговарачката рамка за Северна Македонија и Албанија ќе биде објавена „во наредните денови” и дека целта на Европската Комисија е прашањето да се стави на масата на министрите за европски и надворешни работи на ЕУ идната недела.

Извештаите за напредокот на земјите од регионот се одложени за есен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот