Вархеји: БиХ ризикува да загуби 1,5 милијарди евра инвестиции

Оливер Вархеји / Фото: EPA

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји по посетата на Босна и Херцеговина изјави дека земјата во контекст на актуелната политичка криза ризикува да загуби 1,5 милијарди евра инвестиции.

– Ова е критичен момент за државата, за граѓаните и за компаниите. „Реформите се во тек и БиХ ризикува да загуби 1,5 милијарди евра инвестиции доколку не се преземат дејствија, изјави Вархеји.

По средбата со Драган Човиќ, Милорад Додик и Бакир Изетбеговиќ, тој рече дека лидерите се отворени да изнајдат решение и да покажат волја да направат исчекор. Вархеји додаде дека гледа подготвеност да се решат недоразбирањата во однос на државниот имот, законот на Инцко, уставните и изборните реформи.

– Можам да потврдам дека сме подготвени да помогнеме и да ги олесниме овие напори во интерес на Босна и Херцеговина. Од таа причина, му доверив на амбасадорот Сатлер да работи на оваа задача во соработка со нашите клучни партнери.

Видео на денот