Варга: Епидемијата на коронавирусот е единствен предизвик за ЕУ

Европска унија /Фото: Миа

Епидемијата на коронавирус е единствен предизвик за Европската унија, каде традиционалните решенија се покажаа како несоодветни, изјави денеска унгарската министерка за правда, Јудит Варга, како одговор на изјавата потпишана од 13 земји-членки на ЕУ за мерките преземени против епидемијата.

Во соопштението објавено вчера, се вели дека е легитимно земјите-членки да донесат итни мерки за заштита на своите граѓани, но осуди одредени мерки за итни случаи, кои беа оценети како ризик за кршење на принципот на владеење на правото, демократијата и основните права.

Потписниците на соопштението повикаа вонредните мерки да бидат ограничени на она што е строго неопходно, да бидат пропорционални и привремени по природа, да бидат под редовен надзор и да ги почитуваат горенаведените принципи и обврски согласно меѓународното право.

Реагирајќи на тоа соопштение, Варга рече дека Унгарија целосно се согласува со повикот за почитување на основните вредности на слободата, демократијата, владеењето на правото и основните права.

Унгарската министерка, сепак, рече дека жали што соопштението не било отворено за сите земји-членки.

Соопштението го потпишаа Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Холандија, Португалија, Шпанија и Шведска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот