Варди има најубава утеха за поразот од Ливерпул, повторно стана татко

EPA/OLIVER WEIKEN

За Џејми и сопругата Ребека ова е трето заедничко дете, а фудбалерот има ќеркичка од претходните врски, додека Ребека има две деца од бракот пред да го сретне фудбалерот.

– Сакам да ве известам дека нашето преубаво девојче пристигна. Беки и бебето се чувствуваат одлично, а сите ние сме воодушевени од најновиот член на нашето семејство – објави Варди.


Фудбалерот на Лестер и на англиската репрезентација открива дека главната улога во родителската грижа за децата и припаѓа на неговата сопруга.

– Да бидам искрен, не се будам толку често во ноќта за да ги хранам децата. Доколку имам тренинг или натпревар, сопругата ми вели дека таа ќе ги заврши тие работи за да можам да останам одморен. Но кога немам обврски, тогаш сум и на располагање на Беки – изјави неодамна Варди.

Ребека и Џејмс се во брак од мај 2016 година и имаат две заеднички деца, синот Финли и ќеркичката Софија. Ребека од претходните врски има ќерка и син, Меган и Тејлор, додека Џејми има петгодишна ќерка, Ела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот