Вардарци ги стартуваа подготовките во Анталија (ФОТО)

Есенскиот шампион Вардар ги започна подготовките во Анталија, Турција, каде ќе остане до 4 февруари и ќе одигра шест контролни натпревари.

Стартот на подготовките под палката на тренерот Александар Васовски во идеални услови го одработија првиот тренинг, а единствен кој недостасува е Никола Серафимов, кој кариерата ќе ја продолжи во српскиот Вождовац.

Според планот на подготовките, „црвено-црните“ ќе одиграат шест контролни наптревари, на 20 јануари ќе играат против Хајдук, а потоа следуваат натпреварите и против Динамо Киев (23 јануари), Бачка Топола (26 јануари), Црвена Звезда (29 јануари), Борац Бања Лука (2 февруари) и Мура (3 февруари).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот