Вардарци ги бараат бодовите на Шкупи

Срѓан Ивановиќ

Тешко дека до крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Вардар ќе има сили да ја стигне предноста на Шкендија, првопласираната екипа на табелата, но освојувањето на бодовоите мора да продолжи за да се обезбеди втората позиција.

Во денешната пресметка „црвено-црните” му гостуваат на тимот на Шкупи, во најинтересниот натпревар од 32. коло на домашното првенство.

Шкендија му гостува на Работнички, во уште еден возбудлив дуел од ова коло, додека пак третопласираната Академија Пандев ја очекува настапот во Кратово, каде ќе треба да се соочи со фудбалерите на Силекс, кои веќе неколку натпревари по ред грчевито се борат за опстанок.

ПФМЛ, 32. коло (16 ч.):
Беласица – Македонија ЃП
Работнички – Шкендија
Ренова – Победа
Шкупи – Вардар
Силекс – Академија Пандев

Табела:
1.Шкендија 69
2.Вардар 58
3.Академија Пандев 50 (-1)
4.Шкупи42
5. Ренова 39
6.Работнички 39
7.Македонија ЃП 38
8.Силекс 34
9.Беласица 31
10.Победа 23 (-1)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот