Вардарци дебитираат пред своите навивачи

Европскиот шамион Вардар по победничкото отворање на сезоната во Лигата на шампионите, денеска (17 ч.) ќе дебитира и пред домашните навивачи. Вардарци во СЦ „Јане Сандански“ во рамките на второто коло го пречекуваат португалскиот тим Порто.

–  Ова ни е прва средба дома како европски шампиони и тоа е посебно чувство. Очекувам полна сала и како и секогаш мора да одговориме со добра игра. Без разлика кој е противникот секогаш ќе биде тешко, па очекувам многу голема поддршка. Сите добро знаеме како ние играме во Скопје. Очекуваме можеби не лесни, но два бода – вели крилото Тимур Дибиров.

Екипата на Порто е шампион на Португалија која по пауза од три години се враќа во ЛШ. Поголемиот дел од тимот го сочинуваат домашни ракометари, засилени со голманот на австриската репрезентација, Томас Бауер.
Португалците во првото коло изненадувачки одиграа нерешено со Брест Мешков, а главен адут во играта им е играта „седум на шест“.

Прочитајте и...  Вардар повторно не игра ЛШ, одложен натпреварот и против Пик Сегед

– По победата над Монпелје, сега мораме одново да победиме инаку тие бодови нема да значат ништо. Порто е една од најдобрите екипи во светот која игра „7 на 6″, па ќе видиме како ќе се адаптираме на таа игра. Ова ни е прва средба на домашен терен и ќе се обидеме да се претставивме во најдобро можно издание – вели Давид Писонеро, тренерот на Вардар.

Вардар е фаворит на овој меч но победата и двата бода ќе мора да брка без повредените Толедо и Стоилов.

Прочитај повеќе

Драма на Ролан Гарос, Бертенс заврши во количка, противничката и порача е*и се

Слободен печат

Ролан Гарос: Надал супериорно во третото коло

Слободен печат

Елмас и Пандев ќе играат против Косово, нивните тестови на корона се негативни

Слободен печат

Романски третолигаш доби нов стадион вреден 100 милиони евра (ФОТО)

Слободен печат

„Кралевите“ и натаму ќе напаѓаат без Азар!

Слободен печат

Ролан Гарос: Вавринка ја запиша 150 грен слем победа!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Џенова потврди 14 случаи на коронавирус, нема нов прекин на Серија А!

Слободен печат

Димитријевиќ: Верувам дека можам да бидам лидер на репрезентацијата!

Слободен печат

Ждреб, Лига Европа: Еурофарм Пелистер во третиот, а Металург во шестиот шешир

Слободен печат

Грен слем турнирот во Париз продолжува без Вилијамс!

Слободен печат

„Балони“ и во АБА-2 лигата: Промени во календарот на МЗТ и Работнички!?

Слободен печат

Алаба за уште посилна одбрана на „граѓаните“!?

Слободен печат