Вардарци без бело знаме против Пик Сегед

Пивотот на РК Вардар 1961, Стојанче Стоилов/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар вечерва (18:45 ч.) ги продолжуваат настапите во Лигата на шампионите, му гостуваат на тимот на Пик Сегед, противник против кој играа минатата недела.
На дуелот во Скопје, унгарскиот тим славеше со 26:28 и во „црвено-црниот“ табор се свесни дека вечерва ги очекува тежок предизвик. Вардарци ја признаваат фаворитската улога на Пик Сегед, но никако не одат со бело знаме во Сегедин.
– Анализиравме што треба да поправиме за овој натпревар, и во напад и во одбрана. Имаме мали проблеми со играчкиот кадар, Борко има повреда на коленото и речиси е отпишан за овој дуел. Меѓутоа, без секој се мора и се може. Ќе одиме на ова гостување без притисок, но не со бело знаме. Тие се фаворити, но ние не сме без шанси и ќе пробаме да се вратиме со позитивен резултат – вели тренерот на Вардар, Стевче Алушовски.

По седум одиграни натпревари во групата А во ЛШ, Вардар моменто се наоѓа на последното осмо место со една победа и едно реми, но има и најмалку одиграни натпревари од сите екипи во групата, додека Пик Сегед се наоѓа на петтото место со четири победи во девет натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот