Вардар1961 подобар во контролниот меч против Металург

Вардар 1961 потешко од очекувањата триумфираше над Бутел Скопје/Фото: Denis Dukovski

Вардар1961 победи денеска на пријателскиот натпревар против Металург со 29:24 со што го означија почетокот на подготвителниот период во кој ќе се играат мечеви до почетокот на сезоната.

Двајцата тренери им дадоа шанса на сите играчи што ги имаат на располагање и повеќе се внимаваше на воигрувањето и „барањето“ на вистинската седморка која треба да го понесе товарот во текот на сезоната.

Металург го отвори добро дуелот, имаше минимална предност, а од 12 минута Вардар1961 првпат поведе и потоа се играше „гол за гол“.

Во последните минути од првиот дел „црвено-црните“ зголемија на 15:13, резултат со кој заврши првото полувреме.

Во вториот дел „црвено-црните“ беа тие кои беа во позитива, иако екипата од Автокоманда постојано резултатски беше во игра и израмни на 21-:21. Повторно во последните минути Вардар направи предност од неколку голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот