Вардар заборави да победува во ЛШ, петти пораз по ред за „црвено-црните“

Нов пораз за Вардар во Лигата на шампионите/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Ракометарите на Вардар ја продолжија серијата порази во Лигата на шампионите откако вечерва во последниот натпревар годинава пред своите гледачи загубија од Пик Сегед со 27:30 и го забележаа петтиот пораз по ред.

Лошата игра во првите 15 минути, грешките во додавањата, слабата реализација на шутот се покажаа како клучни за победата на Пик Сегед, која е втора по ред над Вардар во ЛШ.

Со поразот од унгарскиот тим, Вардар си ја закомпликува позиција на табелата во групата А, „црвено-црните“ се наоѓаат на шестото место на табелата со пет бода, само еден повеќе од ППД Загреб.

Натпреварот започна со одбрана на Мартин Томовски кој запре шутот на Тонесен, додека на спротивната страна, резултатот го отвори Стојанче Стоилов.

Вардар се наоѓа на резултатска криза/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Пик Сегед возврати преку Бомбач, а потоа ги искористи промашувањата на вардарци да постигне да поведе со 1:5. Лошата реализација во нападот како и голманот на Пик Сегед, Роланд Миклер кој имаше три одбрани, ги остави „црвено-црните“ во првите десет минути со само еден постигнат гол.

Тренерот Веселин Вујовиќ беше приморан да повика тајм-аут, но и тој потег не промени многу во играта, вардарци повторно грешеа во нападт, а Пик Сегед продолжи да ги казнува сите грешки и по 15 минути на семафорот стоеше 1:8.

Вардар вториот гол го постигна дури во 16 минута преку Анте Гаџа. Во наредните минути, Томовски одбрани два шута, и во 21 минута Вардар по головите на Гаџа и на Дибиров намали на 5:9.

Потоа следеше период на кој се играше гол за гол, се до финишот кога ракометарите на унгарскиот тим направија серија 1:4 и поведоа со 8:15. Во следниот напад Оливие Њокас постигна гол, но Пик Сегед возврати со голот на Бодо за високи седум гола негатива на Вардар по првиот дел (9:16).

Во првото полувреме, најрасположени за игра кај Вардар беа Дибиров во четири и Гаџа со три гола, додека кај Унгарците Тонесен постигна пет, е Банхиди и Бомбач по четири гола.

Ракометарите на Пик Сегед ги казнуваа грешките на вардарци/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Второто полувреме започна со подобра игра на вардарци, беа посигурни во нападот и преку Дибиров, Кевин Њокас и Талески направија серија од 3:1 и во 37 минута дојдоа на минус пет (12:17). Потоа Гаџа намали на 13:17, но гостите преку Шоштариќ ја прекинаа мини серијата на Вардар.

Талевски со два гола по ред во 40 минута го носи Вардра на минус три (15:18) со што го натера тренерот на гостите Хуан Карлос Пастор да побара тајм-аут. Бомбач со два гола ја враќа предноста од пет гола по ред на Пик Сегед во 44 минута. Во последните десет минути од натпреварот, Вардар влезе со негатива од четири гола (20:24), но на секоја реализација противникот одговараше со гол и ја одржуваше предноста на четири-пет гола.

„Црвено-црните“ не успеаја во второто полувреме да направат пресврт/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На пет минути до крајот Бодо постигна гол за водство на Пик Сегед од 22:28 кое до крајот на натпреварот, вардарци не успеаја да го анулираат и го претрпеа петтиот пораз по ред во Лигата на шампионите. На крајот Вардар загуби со 27:30.

Најпрецизни  во редовите на Вардар беа Тимур Дибиров и Анте Гаџа со по пет гола, а кај Пик Сегед се истакна Шоштариќ со седум и Бомбач и Бодо со по пет гола.
Во идното коло кое ќе се игра идниот четврток, Вардар му гостува на германскиот Кил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот