Вардар во победнички ритам

фото: ФК Вардар

Вардар по слабиот старт во новата сезона, влезе во победнички ритам и во дерби пресметката од шестото коло во Првата македонска фудбалска лига, со 2:1 го победи Шкупи. Ова бепе чњтврта победа во низа за „црвено-црните“ со што се искачија на второто место на табелата со 13 бодови, само еден помалку од лидерот Академија Пандев.
Вардар победата ја најави уште во 11. минута со голот на Матеј Цветановски, а во второто полувреме Дарко Мицевски беше сигурен од ударот од белата точка за 0:2. Исени го постигна голот за Шкупи.

Излез од кризата најави и шампионот Шкендија која дојде до втората победа по ред. Овој пат во градското дерби ја совлада Ренова со 0:2 и тоа со голови постигнати во самиот финиш. Арменд Алими во 86. минута донесе водство за Шкендија, додека печат на победата стави Бесарт Ибраими во 91. минута со голот од пенал.

Лидерот на табелата, Академија Пандев и по шест кола останува непоразена, ремизирајќи на гостувањето против Струга Трим-Лум.

Работнички ја прекина серијата од три порази, триумфирајќи над Македонија ЃП со минимални 1:0. Човек на одлука беше Марковиќ со голот во 63. минута.

Резултати од 6 коло:
Работнички – Македонија ЃП 1:0
Ренова – Шкендија 0:2
Шкупи – Вардар 1:2
Силекс – Борец 3:0
Струга ТЛ – Академија Пандев 0:0.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот