Вардар во најсилен состав против ППД Загреб игра за прекин на црната серија во ЛШ

рк вардар
Вардарци продолжуваат успешно во трката за шампионската титула/ фото: Слободен печат - Драган Митрески

Ракометарите на Вардар 1961 вечерва (20.45) му гостуваат на ППД Загреб во рамките на десеттото коло во Лигата на шампионите и ќе се обидат да ја прекинат серијата од дури шест порази по ред со која го закомпликуваа пласманот во нокаут-фазата.

Вардарци се наоѓаат на шестото место на табелата во групата А со пет бода, еден повеќе од вечерашниот противник и со евентуална победа, „црвено-црните“ ќе бидат многу поблиску до нокаут фазата.

„Црвено-црните“ во последниот натпревар годинава во Лигата на шампионите ќе настапат во најсилниот состав, додека кај хрватскиот шампион нема да играат бекот Чаба Лејметер и голманот Филип Ивиќ.

– Загреб е една млада екипа која е комбинирана со искусни играчи, како Гојун, Муса и Чупиќ. И со млади ракометари кои навистина многу напредуваат, како Срна, Кларица и Вистороп. Ќе биде еден навистина тежок дуел, ајде да кажеме дека одиме од некоја позитивна ситуација, Загреб одигра многу добро во Монпелје, а ние одигравме добро во Кил. А ова е меч и за нас и за нив кој мора да се добие.  Бидејќи преку оваа средба шансите се поголеми за пласман во следната фаза. Мислам дека Вардар се крева, игра добро, одиме да играме натпревар кој реално е наш квалитет, какви што следуваат и во понатамошниот дел од сезоната, како што се Загреб, Елверум и Мешков и дека од тие мечеви ќе извлечеме добар резултат и ја оствариме нашата целта, а тоа е пласман во следната фаза – смета тренерот на Вардар Весели Вујовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот