Вардар во финишот го „скрши“ отпорот на Војводина!

Фото: seha-liga

Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во својот шести натпревар од новата сезона во СЕХА Газпром лигата триумфираше над Војводина со резултат 26:23.

После првото полувреме беше нерешено 11:11, потоа на стартот од вториот дел гостите имаа и плус два разлика (13:15). Беше рамноправно на резултатски план до 47. минута (20:20), а потоа следуваше серија од три голови на Вардар што се покажа како клучно за крајниот епилог.

Најдобри стрелци во победничките редови беа С. Скубе со седум голови, еден помалку запиша Д. Димитриоски, а пет беа дело на И. Чупиќ.

Голманот А. Кугис забележа 11 одбрани, запре и еден пенал, а на спротивната страна за српскиот претставник седум гола имаше С. Станковиќ, а по четири погодоци имаа Ј. Николиќ и Н. Ратковиќ. Нивниот чувар на мрежата Л. Арсениќ забележа дури 19 одбрани (еден седмерец).

Ова беше четврти триумф по ред за македонските и регионални шампиони и моментно во рамките од групата „А„ се наоѓаат на второто место со 15 бодови, колку што има и Мотор Запорожје на првата позиција, но Украинците имаат нешто подобра гол-разлика.

Наредниот дуел играчите на тренерот Едуард Кокшаров ќе го имаат во Лигата на шампионите на домашен терен против полскиот Келце на 9 ноември со почеток од 17.30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот