Вардар во фантастична атмосфера го совлада Партизан за прва победа во СЕХА

Фото: RK Vardar

Eкипата на Вардар стигна до прва победа во СЕХА лигата откако вечерва го совлада Партизан со 31:26.

Вардар важеше за фаворит пред почетокот на натпреварот и таа улога ја оправда и на теренот. Имаше неизвесност во натпреварот, но во клучните моменти Вардар го покажа квалитетот и дојде до победата.

Петкратниот шампион во ова натпреварување го покажа своето искуство, пред се во второто полувреме. Во првиот дел Вардар наметна темпо и во 19-тата минута водеше со 12:8, сепак со грешките во одраната и одличниот противнички голман Партизан успеа да се врати резултатски.

Партизан играше добро на стартот од вториот дел и со една серија од 4:1 стигнаа до изедначување 19:19. Неизвеноста ја одржуваа се до 42. минута. Стратегот на Вардар, Владо Недановски повика тајм-аут и вардарци повторно почнуваа да градат посериозна предност која не ја испуштија до крајот.

Манасков беше најефикасен со девет гола, Талески постигна седум колку што имаше и Стоилов. Одличен на голот беше и Мартин Томовски со 14 одбрани.

За пофалба беа и „Комитите“ кои како ретко кога на натпревар од СЕХА лигата беа во голема бројка и приредија фантастична атмосфера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот