Вардар три месеци не знае за пораз во Првата лига - Слободен печат

Вардар три месеци не знае за пораз во Првата лига

Силекс ја забележа шестата победа сезонава во шампионатот на гостувањето кај Македонија ЃП, стрелец за кратовскиот клуб беше српскиот интернационалец Д. Благојевиќ во 30. минута од средбата.

Потоа, Шкендија беше најубедлива на денешните пресметки, со 4:0 славеше против Борец, хет-трик забележа А. Алими (23`, 30`, 66` мин.), а еднаш се запиша Б. Ибраими (24`).

Без голови одиграа Шкупи и Струга Трим Лум, додека Вардар ја оправда фаворитската улога против Ренова.

Во мрежата на „гипсарите“ стрелаа Д. Аврамовски во 20. и Ј. Попзлатанов во 89. минута од средбата на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје. Вардарци се без пораз скоро три месеци, единствено загубија уште во првото коло дома од „ѓорчепетровци“.

Во саботата ремизираа Академија Пандев и Работнички со конечен резултат 1:1.

1МФЛ, 13. коло

Недела, резултати –

Македонија ЃП-Силекс 0:1

Шкендија-Борец 4:0

Шкупи-Струга Трим Лум 0:0

Вардар-Ренова 2:0

Табела: Вардар 30 бодови, Академија Пандев 25, Шкендија 18, Шкупи 18, Силекс 18, Македонија ЃП 17, Струга Трим Лум 15, Ренова 14, Борец 14, Работнички 11.

Прочитај повеќе

Цензура во живо: На клупска телевизија зборуваше за долгот на Јунајтед, водителот го замолкна (ВИДЕО)

Слободен печат

Шпанија е противникот на Хрватска во финалето на ЕП

Слободен печат

Холандски мотоциклист е втора жртва на Релито Дакар

Слободен печат

Дувњак: Не се сеќавам што се случи во продолженијата

Слободен печат

Шпанија и Унгарија во финалето на ЕП во ватерполо

Слободен печат

Червар: Ракометот не е мртов

Слободен печат

Остави Коментар

4 × 4 =

Прочитај повеќе

Левата рака на Мирка „тежи“ милион швајцарски франци

Слободен печат

Дел Боске одржа предавање во ФОН Универзитетот

Слободен печат

Сагосен го израмни рекордот на Лазаров

Слободен печат

Муса ја однесе Хрватска во финалето на Европското првенство

Слободен печат

Најверните фудбалски навивачи го загрозуваат своето здравје, ризикуваат инфаркт

Слободен печат

Солскјер бара трпение: Клоп четири години го градеше овој Ливерпул

Слободен печат