
Силекс ја забележа шестата победа сезонава во шампионатот на гостувањето кај Македонија ЃП, стрелец за кратовскиот клуб беше српскиот интернационалец Д. Благојевиќ во 30. минута од средбата.
Потоа, Шкендија беше најубедлива на денешните пресметки, со 4:0 славеше против Борец, хет-трик забележа А. Алими (23`, 30`, 66` мин.), а еднаш се запиша Б. Ибраими (24`).
Без голови одиграа Шкупи и Струга Трим Лум, додека Вардар ја оправда фаворитската улога против Ренова.
Во мрежата на „гипсарите“ стрелаа Д. Аврамовски во 20. и Ј. Попзлатанов во 89. минута од средбата на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје. Вардарци се без пораз скоро три месеци, единствено загубија уште во првото коло дома од „ѓорчепетровци“.
Во саботата ремизираа Академија Пандев и Работнички со конечен резултат 1:1.
1МФЛ, 13. коло
Недела, резултати –
Македонија ЃП-Силекс 0:1
Шкендија-Борец 4:0
Шкупи-Струга Трим Лум 0:0
Вардар-Ренова 2:0
Табела: Вардар 30 бодови, Академија Пандев 25, Шкендија 18, Шкупи 18, Силекс 18, Македонија ЃП 17, Струга Трим Лум 15, Ренова 14, Борец 14, Работнички 11.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.