Вардар со Стоилов и тројца голмани ја брка првата победа во ЛШ

фото: Слободен печат/Драган Митрески

ЕХФ ги објави составите на Мешков Брест и Вардар 1961 за денешниот натпревар во Белорусија (18.45 часот) во првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

Имаше позитивен тест на Ковид-19 поради што беше принуден да ја пропушти завршницата од СЕХА Газпром лигата, но Стојанче Стоилов се опорави и тој се наоѓа во составот на тренерот Стевче Алушовски за мечот во Брест.

Воедно повикани се и тројца голмани, Борко Ристовски, Робин Кантегрел и Марко Кизиќ.

Составот на Вардар 1961: Вујин, Чупиќ, Дибиров, Стоилов, Георгиевски, Калараш, Валчак, Дисингер, Талески, Гаџа, Јотиќ, Димитриоски, Векиќ.

Составот на Мешкво Брест: Пеши, Мацкевиќ, Врањеш, Скубе, Паниќ, Шумак, Пачковски, Селвиасиук, Ваилупау, Шкурински, Малус, Јуринок, Санталов, Будзеика, Вјархеичук, Тамашук. Тренер: Раул Алонсо.

Калараш:  Во Вардар повеќе не дознат платите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот