Вардар со срце на терен против Барселона

Фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар трета година се дел од завршниот турнир во Лигата на шампионите и возбудувањата во „Ланксес“ Арената.  Ривалот на Вардар во полуфиналето е шпанската Барселона која сезонава игра одлично, во двете средби од групната фаза ги совладаа „црвено-црните“, а вкупно имаат два порази сезонава.

Во очите на ракометните фанови Барселона е фаворит, но таа улога треба да се потврди и на теренот. Тимот предводен од Чави Паскал располага со две идентично квалитетни постави но тоа мора и да го потврди во Арената која не признава фаворити предвреме.

„ Колку фаворити во последните 4,5 години триуфираа во Келн, ниту еден! Не би згрешиле ако кажеме дека Барселона е фаворит, има поголема ротација од нас и подолга клупа. Но на теренот сме 7 на 7“, вели Скубе.

Улогата на аутсајдери им годи на ракометарите на Вардар кои посакуваа да се повтори сликата од пред две години. Тогаш Арената беше трагична за Барселона но талична за Вардар, кој со голот на Лука Циндриќ во последните моменти од натпреварот ја шокира Барселона, а потоа и во финалето „црвено-црните“ успеаја да го совладаат и ПСЖ и да ја освојат титулата.

Освен тоа, турбулентната сезона поради финансиските проблеми го зајакна тимскиот дух на вардарци, а дека Вардар е незгоден ривал предупредува и ЕХФ во најавата за фајнал фор турнирот “Никогаш не го потценувајте ранетиот лав“.

– Барселона е неверојатно силен тим, но кога веќе сме тука во Келн, веруваме во успех – вели тренерот Роберто Гарсија Парондо, кој ја има најтешката задача за денешното полуфинале, да ги открие слабите страни на ривалот.

Во првото полуфинале кое се игра од 15.30 часот ќе се сретнат екипите на Веспрем и на Кјелце, а правдата ќе ја дели најдобриот македонски судиски пар Славе Николов и Ѓорѓи Начески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот