Вардар со пораз ја започна новата сезона во ЛШ,„црвено-црните“ во финишот потклекнаа против Брест

Gold Medal Match - Vardar 1961 vs Telekom Veszprem, Final Four - SEHA - Gazprom league, Zadar ,06.09.2020 , Mandatory Credit © Mandatory Credit © Jozo Cabraja / kolektiff

Ракометарите на Вардар се поразени на гостувањето кај Брест Мешков со 24:22 во првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.

Вардарци имаа одлична можност од тешкото гостување во Брест да се вратат со позитивен резултат, имаа предност од еден гол на три минути до крајот, но не издржаа и загубија .

Вардар во последната минута влезе со негатива од еден гол (23:22), но топката не дојде до Стојанче Стоилов на линијата од шест метри и домашните ракометари во последните секунди преку Паниќ го поставија конечниот резултат.

Првиот гол во новата сезона беше дело на Иван Чупиќ, а првото водство вардарци го имаа во почетните моменти (1:2). Потоа Брест Мешков влезе во серија со која поведе со 5:3, но „црвено-црните“ преку Марко Вујин ја враќаат резултатската негатива.

По израмнетата игра до средината на полувремето, првиот потег го прават домашните ракометари кои поведоа со 10:7 и предноста ја одржуваа до крајот на првиот дел (12:10).

Во вториот дел, Вардар заигра далеку подобро, видливо беше дека екипата полека се воигрува и влегува во ритам, и по десет минути игра ја врати резултатската неизвесност (15:15).

Веднаш потоа со головите на Дибиров и Дисингер, вардарци прв пат поведоа во второто полувреме. Грешките на „црвено-црните“ ги вратија домашните ракометари во егал (17:17), за потоа резултатска предност од еден гол да ја има македонскиот тим.

Вардар водеше се до 57. минута кога домаќинот израмни на 22:22 по што Шкурински донесе водство од 23:22. Во последната минута ракометарите на Вардар ја имаа топката која не дојде до Стоилов по што Паниќ го постави конечниот резултат.

Најпрецизен во редовите на Вардар беше Марко Вујин со шест гола, а четири даде Кристијан Дисингер. Нареден противник за „црвено-црните“ во Лигата на шампионите ќе биде Елверум кој за осум дена ќе гостува во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот