Вардар со една контрола пред Супер Глоуб

Турнирот во Требиње ќе биде единствената контрола за европскиот шампион Вардар пред настапот на Супер Глоуб.
Вардарци од 9 до 11 август ќе бидат дел од турнирот во Требиње каде ќе настапат уште и екипите на Металопласитка, Извиѓач, Леотар, Борац Бања Лука и Изола.

Потоа ракометарите на Вардар се враќаат во Скопје каде ќе се подготвуваат пред настапот на Супер Глоуб (26 август – 1 септември).
По настапот на Супер Глоуб, Вардар, пред стартот на новата сезона треба со Металург да игра во Суперкупот.

Ракометарите на Металург подготвките за наредната сезона ќе ги започнат на 25 или 26 јули. Првиот дел од подготовките под водство на новиот тренер Дамир Стојановиќ ќе се одржат во Скопје и на Копаоник.

Предвидено е „металурзите“ да настапат на два силни турнири, од 15 до 19 август ќе бидат дел од турнирот на Чеховски медведи, а од 22 до 25 август ги очекива турнирот во Кањижа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот