Вардар се збогуваше со ракометарите кои си заминуваат (ВИДЕО)

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Вардар ја освои европската титула, втора во својата клупска историја, веќе се шпекулираат нови засилувања за наредната сезона, а познато е официјално кои ќе си одат летово.

Голманот Милосављев се сели во редовите на Фуксе Берлин, потоа Мораеш оди во Веспрем, Карачиќ во Келце, а Калараш е промовиран во Мотор Запорожје.

За Војводиќ се вели дека оди во романската Баја Маре, а Русинот Кисељев се враќа дома во Чеховски Медведи.

– Ви благодариме Дејан Милосављев, Рожерио Мораеш, Глеб Калараш, Игор Карачиќ, Димитри Кисељев, Јања Војводиќ и Роберто Парондо.

Заедно се радувавме на одлични моменти, трофеи и титули. Ги освоивте нашите срца. Уживајте во шампионскиот успех.

СРЕЌНО! – стои во пораката на РК Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот