Вардар сè уште се ситни, остана без клучен дефанзивец

Европскиот шампион Вардар, денеска загуби уште еден ракометар кој имаше удел во освојувањето на титулата. Глеб Калараш од денеска и официјално е член на Мотор Запорожје со кого претходно потпиша тригодишен договор. Калараш во Вардар мина само една сезона, и имаше забележителна улога во одбраната.

Поради неизвесната финансиска иднина на македонскиот шампион, Калараш од претходно се договори со тимот на Мотор, а по стабилизирањето на Вардар дури најави дека ако е можно клубовите да се договорат, тој би сакал да остане во Скопје.

До договор не дојде и Калараш денеска е официјално презентиран како нов ракометар на Мотор Запорожје, тим во кој претходно настапуваше во периодот од 2015 до 2017 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот