Вардар се спаси од голем срам во СЕХА лигата!

фото: seha-liga

Денеска на гостувањето во Србија во својот осми натпревар сезонава во СЕХА Газпром лигата составот на Вардар триумфираше со 33:35 против екипата на Војводина.

После првото полувреме не се најавуваше било какви бодови за „црвено-црните“, бидејќи имаа негатива од дури четири голови разлика (20:16), а голманското трио Гедбан-Кизиќ-Гогов немаа ниту една одбрана во првите 30. минути.

За нивна среќа тимот на Кокшаров се опорави и направи целосен пресврт што ги доведе до седмиот триумф сезонава во регионалното натпреварување.

На листата најдобри стрелци кај нашиот првак се одвоија Тимур Дибиров со 11 голови, еден помалку запиша Павел Атман. Кај голманите Гедбан имаше четири одбрани, Кизиќ една, Гогов ниту една (0/11).

На спротивната страна Бранко Томиќ имаше седум голови, а нивните голмани Арсениќ шест, а Веркиќ две интервенции.

Моментно во групата „А“ води Вардар со 21 бод, пред Мотор Запорожје кој има 18.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот