Вардар се подготвува за првиот меч сезонава во ЛШ! (ВИДЕО)

фото: jozo cabraja/seha liga/

Денеска актуелниот европски шампион ги продолжи подготовките за новата натпреварувачка сезона 2020/21 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ се целосно фокусирани на првиот дуел со Мешков Брест во Белорусија.

Вардар после настапот на Фајнал-фор турнирот во СЕХА Газпром лига каде што го освои второто место, сега може комплетно да се насочи кон главното што ќе се случува во сезоната, настапите во најквалитетното европско клупско натпреварување, ЛШ.

За шест дена (16 септември) играчите на тренерот Стевче Алушовски со почеток од 18.45 часот ќе играат против Мешков Брест на гостински терен.

Првиот дуел на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје нашиот претставник ќе го има на 24 септември од 20.45 часот против норвешкиот Елверум.

Потсетување дека екипата на Вардар е во група со ПСЖ, Кјелце, ПИК Сегед, Мешков, Порто, Елверум и Флензбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот