Вардар рамо до рамо со Кил и Барселона

Фото: Слободен Печат/Драган Митрески

Македонската ракометна гордост Вардар по втор пат во трите учества во Келн се враќа со шампионскиот пехар. Вториот триумф, според зборовите на капитенот Стоилов е посладок од првиот поради сите проблеми со кои се наоѓаа ракометарите.
Европската ракометна федерација направи анализа на завршниот фајнал фор од кој издвои 10 работи кои го одбележаа викендот во Келн.

Се е во знакот на 10
Немаше подобар начин да се заврши јубилејното 10 издание на фајнал фор турнирот во Келн. Џинот во редовите на Вардар, Даинис Криштопанс го носи дресот со број 10, а во чудесниот пресврт на Вардар против Барселона постигна 10 голови.

Хрватите испишуваат историја
Хрватските ракометари Игор Карачиќ и Иван Чупиќ испишаа историја со Вардар. Карачиќ е првиот хрватски ракометар кој на крајот е прогласен за МВП на фајнал фор турнирот. Истовремено, Чупиќ е првиот ракометар со три титули откако шампионот се добива преку фајнал фор турнир. Тој два пати триумфира со Вардар и еднаш со Кјелце.

Парондо во историските книги
Тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Парондо во првата сезона како главен тренер на Вардар веднаш стана европски шампион. Тој како играч на Сиудад Реал триумфираше во ЛШ во сезонијте 2008 и 2009 година. Парондо е вториот тренер по Талант Душебаев кој триумфирал во ЛШ и како тренер и како играч.

Неверојатниот пресврт
Вардар турнирот во Келн го одбележа не само по титулата, туку и по неверојатниот пресврт во полуфиналето против Барселона. Вардарци на полувремето губеа со 9:16 на полувремето но со фантастична игра во второто полувреме направи неверојатен пресврт и успеа да победи со 29:27 и да се пласира во финалето. Предноста на Барселона од седум голови на полувремето воедно е и најголема во полуфиналните натпревари на досегашните 10 изданија на фајнал фор.

Вардар рамо до рамо со Барселона и Кил
Вардар креира ракометна историја со двата триумфа во последните три години. Освен тоа, Вардар е единствениот тим кој два пати излегува како победник на завршниот турнир, покрај Барселона и Кил. Кил победи во 2010 и 2012 година, додека Барселона триумфира во 2011 и 2015 година.

За Веспрем нема ниту четврта среќа
Унгарскиот Веспрем е најмалерозниот тим во ракометна Европа. Веспрем досега четири пати играше во финалето на ЛШ и во сите четири натпревари е поразен, од кои пати губи во последните 10 години. Во 2002 година подобар од Веспрем беше Магдебург, во 2015 славеше Барселона, полскиот тим Кјелце победи на пенали во 2016 година и сега Вардар излегува како победник.

Гол-шоу за бронзата
Натпреварот за третото место и бронзото одличје помеѓу Барселона и Кјелце заврши со рекордни 40:35. Никогаш досега во 10-годишната историја не се постигнати 75 голови на натпревар за третото место. Исто така ниту една екипа досега не постигнала 40 голови за 60 минути на фајнал фор турнирот во Келн. Претходниот рекорд беше од 2013 година, кога Кил со 39:33 го совлада Хамбург.

Кјелце за прв пат последен на Ф4
Полскиот тим за прв пат во натпреварите за третото место е поразен.Претходно два пати играше во натпревар за трето место и двата ги доби против идентичен ривал, Кил. Во 2013 година победи со 31:30, додека во 2015 година славеше со 28:26.

Навивачите се главни на фајнал фор
Фајнал фор турнирот во Келн нема да биде тоа што е доколку не се ванвивачите. Тие цела сезона ги бодрат своите миленици и на најважните натпревари се покажаа во најдобро светло. „Комитите“ иако не беа бројни како полските или унгарските фанови, сепак со своите гласно бодрење сигурно беа осмиот играч на Вардар.

Навивачите го предвидоа шампионот
ЕХФ за прв пат го објави најдобриот тим на сезоната во Лигата на шампионите, пред да се одигра фајнал фор турнирот. Во гласањето на навивачите доминираа токму вардарци. Парондо беше прогласен за најдобар тренер, додека во најдобриот тим на сезоната место имаше уште и за Дејан Милосављев кој е најдобар голман, крилата Тимур Дибиров и Иван Чупиќ и десниот бек Даинис Криштопанс. Дибиров и Чушиќ по втор пат во својата кариера се најдоа во ол стар тимот на сезоната на ЛШ, додека дебитанти меѓу најдобрите се Криштопанс и Милосављев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот