Вардар против Татран го потврдува првото место во СЕХА

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Првиот од двата последни натпревари во групната фаза македонските шампиони ќе го играат денеска од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански” против Татран Прешов.

Екипата на Едуард Кокшаров во рамките од групата „А“ е првопласиран на табелата со 21 бод, три повеќе од Мотор Запорожје. Во случај на ист број бодови, „црвено-црните” ќе бидат првопласирани поради подобрата меѓусебна гол разлика.

– Знаеме дека ќе го играме нашиот последен натпревар на домашен терен во 2019. година. Целта е да одиграме најдобри и го завршиме регуларниот дел од сезоната на најдобар можен начин. Целта е да триумфираме – се зборовите на левото крило на Вардар, Димитар Димитриоски.

На сите досегашни девет сезони на СЕХА лигата, Вардарци секогаш играле на Ф4 турнирот.

Средбата против Словаците е последна за оваа година за Вардар на домашен терен, а претпоследна во СЕХА со оглед на тоа што останува уште гостувањето во Хрватска кај Нексе.

Во продажба се билетите за натпреварот, на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” и он лајн преку www.ticketplus.mk

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот