Вардар против Еурофарм во полуфиналето на Купот

фото: РФМ

Бранителот на трофејот, Вардар во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија, ќе игра со најголемиот конкурент оваа сезона, Еурофарм Работник.

Еурофарм Работник пред неколку недели пропушти шанса да ги совлада „црвено-црните“ иако водеше дури и со осум голови, но на крајот во неизвесна завршница, победата на однесе Вардар.
Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Металург и Бутел.

Во женска конкуренција, фаворитите Куманово и Металург, исто така ќе имаат полуфинална меѓусебна пресметка. Вториот полуфинален пар го сочинуваат Вардар и Стружанка.
Завршниот турнир во Купот ќе се игра на 10 и 11 мај во Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот